Вчера, во Копенхаген, почина Уфе Елеман Јенсен, еден од најистакнатите политичари на Кралството Данска, долгогодишен
Повеќе...Н.Е. амбасадорот на Соединетите држави на Америка во Република Македониија, Џес Бејли беше гостин-воведничар во
Повеќе...По повод најавената спогодбата меѓу владите на Република Македонија и Република Грција за надминување на
Повеќе...Дипломаткиот клуб, кој во мај 2017 година, по повод 100-тата годишнина од раѓањето на првиот
Повеќе...Во организација на Министерството за надворешни работи, Дипломатскиот клуб и фирмата „Дајнерс Интернејшнел“, на 12
Повеќе...Излезе четвртиот број на списаниетпо „Дипломатски летопис“, што го издава Дипломатскиот клуб-Скопје. Документ: Дипломатски Летопис број.
Повеќе...Добродојдовте во Дипломатскиот клуб во Скопје!
Да, во Скопје, во главниот град на Република Македонија, град кој веќе втора деценија е домаќин на десетици дипломатски мисии на странски држави. Во Скопје, град кој има долга дипломатско конзуларна традиција од времето кога и Македонија беше во составот на Отоманската Империја, кога во него беа отворени и делуваа конзулатите на Франција, Италија, Србија, Бугарија и други. Денес, со задоволство можеме да констатираме дека во Република Македонија и во нашето Скопје се акредитирани 70 шефови на амбасади, од кои 25 се резидентни, 27 претставници на меѓународни организации и 13 почесни конзули (додека во Битола 10 и во Штип 1 почесен конзул). Воедно, во Скопје седиште имаат и две регионални организации (МАРРИ и Регионалната канцеларија на Здравствената мрежа на Југоисточна Европа).
Нашиот и Ваш Дипломатски клуб си постави за цел да создаде можности за унапредување како на професионалниот, така и на социјалниот живот на дипломатите во Скопје, било тоа да се македонски актуелни и поранешни дипломати или на акредитираните странски дипломати во нашиот главен град.
Во серијата на зацртаните и веќе остварени активности Клубот организира средби и панел дискусии за теми од професионалниот интерес на дипломатите, од областа на надворешните работи, меѓународните односи и меѓународното право, како и активности поврзани со меѓународната положба во Република Македонија и афирмацијата на нејзините реалности во светот.
Сите сте добредојдени на овој сајт, но и на активностите на Клубот, независно дали сте активни членови или имате интерес за некоја од темите кои ние ги третираме или активностите кои ги организираме. Затоа, информирајте се за активностите Клубот и согласно Вашите интереси земете учество...
Од Извршниот одбор на Дипломатскиот клуб
ДИПЛОМАТСКИ КЛУБ - С к о п ј е
Бр. 19/22
Скопје, 20.06.2022
ПОЧИНА УФЕ ЈЕНСЕН - ГОЛЕМИОТ ПРИЈАТЕЛ НА МАКЕДОНИЈА
Вчера, во Копенхаген, почина Уфе Елеман Јенсен, еден од најистакнатите политичари на Кралството Данска, долгогодишен претседател на Либералната партија „Венстре“ и МНР на Данска. Во последната фаза од студената војна, тој важеше за еден од клучните политичари на Нордискиот регион и Европа во целина.
Дипломатски Клуб - Скопје
Бр. 18/22
Скопје, 16.06.2022
С О О П Ш Т Е Н И Е
ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА „ДИПЛОМАТСКИОТ ЛЕТОПИС“
Во најновиот 13-ти број на на „Дипломатскиот летопис“, специјализираното списание за дипломатија, надворешната политика и меѓународни односи, поместени се авторски текстови за најактуелните настани од овие области, како што се инвазијата врз Украина, македонско-бугарските односи и ЕУ и „Преспа форум дијалог“, за што свој прилог достави и МНР, Бујар Османи.
Повеќе: ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ НОВИОТ БРОЈ НА „ДИПЛОМАТСКИОТ ЛЕТОПИС“
Дипломатски клуб – Скопје Бр. 8/22 Скопје, 28 април 2022 |
![]() |
|
СООПШТЕНИЕ
Средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук |
Претседателот и секретарот на Дипломатскиот клуб – Скопје, амбасадoрите Огнен Mалески и Виктор Габер денес остварија средба со амбасдорката на Украина во Скопје, Наталија и разменија мислења за актуелните настани во двете земји.
Повеќе: Средба со амбасадорката на Украина Наталија Задорожњук
Dear Sirs,
We are glad to inform you that on March 29th 2022 we have elected new President and members of the Executive Board of the Diplomatic Club – Skopje.
Повеќе: New Executive Board of the Diplomatic Club - e-mail addresses